HomeДЕНЕШНАСветГерманија: Евакуирана пошта поради сомнителен бел прав

Германија: Евакуирана пошта поради сомнителен бел прав

nemacka-t

Во центарот на германскиот град Бергхајм е во тек евакуација на пошта поради сомнителен бел прав, пренесуваат локалните медиуми. Пред поштата во трговскиот центар „Кауфланд“ во пешачката зона од едно писмо истекол бел прав, па била евакуирана цела зграда. За сега не е познато за која супстанца станува збор.

Нешто пред 10 часот, биле повикани и пожарникарите поради сомнителни супстанции со која најверојатно барем уште едно лице дошло во контакт која е под контрола на доктор. Специјалните сили од Келн и Есен работат на утврдување на составот на супстанцата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com