Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГерила-акција на граѓаните пред Резиденцијата на САД

Герила-акција на граѓаните пред Резиденцијата на САД

Денеска политичките преговори од Пржино се преселија во резиденцијата на САД во Скопје. Токму во пресрет на нивното одржување „шарените револуционери“ со герила акција порачаа дека тие треба да бидат дел од преговарачкиот процес.

Пораката со црн спреј беше испишана на улицата пред куќата каде што живее амбасадорот на САД, Џес Бејли каде што напишаа: „Граѓаните ќе ја решат кризата“.

Граѓанскиот сектор бара вклучување во преговорите за да врши мониторинг и тие да бидат транспаренти. Претставниците велат дека граѓанскиот сектор во преговорите може да понуди и предлог решенија за прашањата за кои партиите не можат да се договорат.

Фото: МЕТА