HomeДЕНЕШНАПолитикаГерила акција: Внимание! Диме Спасов на патот

Герила акција: Внимание! Диме Спасов на патот

dime-spasov-gerila-akcija

Импровизирани сообраќајни знаци со содржина „Внимавајте! Диме Спасов на патот” деновиве осамнаа на фреквентните улици од Штип.

Штипските герилци алудираат на сообраќајниот инцидент на Спасов, дополнителниот министер за труд и социјала, кој деновиве беше актуелен во јавноста поради двете сообраќајни несреќи кои ги предизвика со службена кола на Агенцијата за вработување.

Знаците се поставени во строгиот центар на градот, покрај реката Отиња, покрај пешачката патека во коритото на реката Брегалница и во паркот во населбата 8 Ноември.

Инаку, Спасов пред една недела, со службен „туарег” предизвика две сообраќајни несреќи и избега од местото на несреќата. По шест дена од инцидентот излезе во јавноста, тврдејќи дека е жртва на полициско-криминална местекна од страна на МВР и СДСМ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com