Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГеоргиевски: Ако не се реформира, ВМРО-ДПМНЕ може да се распадне

Георгиевски: Ако не се реформира, ВМРО-ДПМНЕ може да се распадне

ВМРО-ДПМНЕ денес е во многу критична и тешка состојба, па, иако однадвор да изгледа монолитна, може да и се случи таква експлозија, по што ќе навлезе во тотално распаѓање, оценува првиот лидер на ДПМНЕ и поранешен премиер Љубчо Георгиевски во интервју за Призма.

-Во 2002 година решив да се повлечам од лидерската позиција, затоа што проценив дека тешко ќе можам да се борам со македонската медиумска јавност и со меѓународниот став кон мене. Направив саможртва, која подоцна никој не ја ценеше. Денешното раководство на партијата има добар пример во мојата постапка, бидејќи, како и да ги гледате работите, партијата тешко ќе се извлече од таквата ситуација, ако не промени нешто – предупредува Георгиевски.

Тој посочува по примерот на некогашните комунисти, кои сфатиле дека нивното име е надминато и се трансформираа во социјалдемократи, така дошло време сите партии со предзнак ВМРО договорно да се откажат од него, бидејќи тоа име, според него, се повеќе ќе се компромитира.