Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГентерм во Прилеп ќе отвори 2000 работни места

Гентерм во Прилеп ќе отвори 2000 работни места

Гентерм ќе биде првата посериозна странска инвестиција во индустриската зона во Прилеп вредна 20 милиони долари и предвидено е со новата фабрика за автомобилски делови да се вработат околу 2000 лица. Изградбата е при крај, па работата се очекува да започне во март следната година, со што сега се врши обука на вработените. На најавата за влез на Гентерм присуствуваше дел од раководството на компанијата, како и владиниот економски тим предводен од премиерот Никола Груевски.