Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГенералниот секретар на НАТО шокиран од нападот врз пратениците

Генералниот секретар на НАТО шокиран од нападот врз пратениците

Јенс Столтенбер, генералниот секретар на НАТО, упати порака на неговиот официјален Твитер профил за вчерашните страшни напади врз пратениците во Собранието од страна на маскирани напаѓачи и разгневнети демонстранти.

„Шокиран сум од нападите во парламентот во Скопје. Сите партии треба да го почитуваат демократскиот процес и да се ангажираат во дијалог, а не во насилство”, напиша Столтенберг.