Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГенералниот секретар на НАТО од утре во посета на Албанија

Генералниот секретар на НАТО од утре во посета на Албанија

Кабинетот на албанскиот премиер, Еди Рама, соопштува дека Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг утре ќе престојува во Албанија на работна посета.

Како што е наведено во соопштението од кабинетот, Столтенберг ќе се сретне и со претседателот Бујар Нишани, министерот за одбрана Мими Кодели и Надворешни работи Дитмир Бушати.

Нема официјална информација за целта на посетата, иако медиумите во Албанија пишуваат дека причина за посетата има поврзаност со меѓународната кампања за безбедност и борба пторив тероризмот и ИСИС.
Дали можеби станува збор за разговори околу најновото проширување на НАТО или, пак, тема ќе бидат најновите дестабилизации во безбедносната ситуација во Европа сеуште се само шпекулации.
Инаку, последна покана за членство во НАТО алијансата доби Црна Гора.