Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГенерален штрајк на рударите од Добрево и Тораница

Генерален штрајк на рударите од Добрево и Тораница

Генерален штрајк на рударите од Добрево и Тораница. Утрово тие протестираа пред управната зграда на Индо минерали во Пробиштип. Рударите се револтирани бидејќи газдите од Индија не го почитуваат рокот за исплата на платите. Се жалат дека имаат лоши услови за работа и дека немаат заштитна опрема.

По неколку часовно протестирање, раководството на компанијата го прими синдикатот на рударите. За нивните барања ќе одлучат во главното преставништво на Индо минерали во Англија, изјави синдикалецот Гацовски. Од синдикатот за 24 Вести велат дека ќе побараат и помош од Владата.

Од рудниците во Пробиштип и Крива Паланка се вади олово и цинкова руда. Од минатата недела рудниците се без струја и вода, бидејќи индиските газди не ги платиле сметките кои според синдикалците веќе се со милионски суми. Поради немање на соодветна опрема, пред еден месец Индо минерали заработи и казна од Инспекторатот за труд.