Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГемиџиите повторно пронајдоа тело во распаѓање

Гемиџиите повторно пронајдоа тело во распаѓање

Учесниците на Вардарската регата денеска пронајдоа тело во водите на Вардар. Како и лани така и годинава кајакарите пронашле тело во реката кое било во лоша состојба. Веднаш ја информирале полиција, чии екипи се на терен за да го извадат на суво.

Според кажување на учесниците во регатата, веднаш по мостот кај Караслари, во непристапен предел со густи грмушки било забележано телото, кое било во одмината фаза на распаѓање. Од СВР-Велес го потврдиле настанот, но велат дека засега не може да се потврди дали се работи за маж или за жена, а обдукцијата е во тек. Последните два месеца во
Велешко како исчезнати се водат две жени. Лани, исто така првиот ден од пловењето, членовите на Регатата пронајдоа леш во близина на населбата Градско.