HomeДЕНЕШНАПолитикаГДОМ упорно гледа федерализација и двојазичност во Македонија

ГДОМ упорно гледа федерализација и двојазичност во Македонија

Тони Михајловски и Александар Пандов како членови на ГДОМ во Кичево одржаа трибина против федерализација и двојазичност во Македонија која наводно ја заговара СДСМ со албанските партии. Актерот Михајловски посочи дека земјата сега е најпотребно да се одбрани за да се спречат овие планови за поделби.

– Гледаме дека намерата е да се федерализира земјата, можеби дури и пострашно, да се подели, но основата е да се уплаши народот. Токму тоа е и една од намерите на овие дебати – да се разбие стравот кај народот, односно да се окуражи народот и да не им верува на оние квислинзи, оние кои работат против Македонија, оние кои работат за воведување двојазичност по секоја цена и на крајот на краиштата да посочиме на медиокритетите кои дојдоа на позиции кои дефинитивно не ги заслужуваат, како што е СЈО, односно целиот тим кој го води и управува СЈО, бидејќи се нестручни луѓе раководени од политичките идеи на една политичка партија СДСМ и дека воопшто не се во функција на државата и на народот на Македонија, посочи Михајловски.

 Александар Пандов освен стравовите за федералицација е против и нарачаната работа на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која работела за интересите на СДСМ.

-Изјавата на господинот Заев околу двојазичноста во Република Македонија која што никако не ја гледаме одвоена од претходните изјави на господинот Фрчковски дека имаме потреба за ротационен премиер Албанец-Македонец. Дотолку повеќе пак на сето тоа го додадеме и пишувањата и залагањата на нивната медиумска перјаница, Бранко Геровски кој што заговара и федерализација на Република Македонија, по наше мислење сето тоа и двојазичност и федерализација и сите такви проекти се само за разнебитување на македонската држава за повторно делење помеѓу Македонците и Албанците. Вториот дел е улогата на госпоѓата Катица Јанева во овај политички амбиент. По мое мислење таа жена е крајно субјективна, работи по наредби и нарачки на СДСМ, односно жената прави се како да ги забошоти она се што е главно прашање, односно кој во Македонија прислушувал, за чиви интереси тоа го правел, имало пари или немало пари, иако доказите покажуваат дека тоа го правел Зоран Верушевски заедно со одредени луѓе кои што биле вработени во таа пета управа и од друга страна сакаме повторно со граѓаните преку дирекно обраќање да покажеме дека таа политика која што ја води Катица Јанева е штетна за Република Македонија, нејзината работа број еден е тоа да го расчисти и да ставиме со сето тоа едноставно крај на ова политичка криза во која што Македонија скоро две години се наоѓа, изјави членот на ГДОМ Александар Пандов.

 Извор: kurir.mk
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com