Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГазпром со свои средства ќе го гради гасоводот Северен тек 2, самостојно ќе го реализира проектот

Газпром со свои средства ќе го гради гасоводот Северен тек 2, самостојно ќе го реализира проектот

Руската гасна компанија Газпром најави дека со сопствени средства ќе го изгради новиот гасовод од Русија до Германија, во вредност од 11 милијарди долари. Оваа одлука е донесена откако под притисок на Полска, дојде до распад на мешовитата компанија која требаше да го гради овој гасовод, пишува Financial times.

Газпром соопшти дека конзорциумот што го прават компаниите Engie, OMV, Wintershall, Shell и Uniper, одлучил да го повлече барањето за формирање на мешовито претпријатие во Полска, кое би било задолжено за изградба на Северен тек 2. Од тие причини, компанијата Северен тек 2 АГ, во 100% сопственост на Газпром, одлучи самостојно да го реализира овој проект, пишува лондонскиот финансиски весник.
severen tek 2
„Сите подносители на барањето веруваат дека овој проект е клучен за европскиот енергетски систем и секој од нив одделно ќе ги разгледува алтернативните можности за учество во овој проект, соопштија од Газпром.

Полската канцеларија за заштита на конкуренцијата и потрошувачите минатиот месец не го одобри основањето на мешовито претпријатие кое би го сочинувале шест компании задолжени за изградба и работа на гасоводот Северен тек 2.