HomeАНТИСТРЕСЕкимГазирани пијалаци никогаш не треба да се конзумираат во мали голтки

Газирани пијалаци никогаш не треба да се конзумираат во мали голтки

Засладени пијалаци како што се лимонадата и енергетските и газираните напитоци ги оштетуваат забите, особено ако се конзумираат во мали голтки подолго време.

– Ако можете испијете ја целата содржина од чашата наеднаш, советува Дирк Кроп од групата „ПроДент“, која води кампања чија цел е унапредување на орална хигиена.

– Засладените напитоци предизвикуваат повеќе штета на забите кога на нив се задржуваат подолго време. Поради тоа би можело да биде корисно по малите голтки испиени лимонада, енергетски пијалок или сличен напиток, да се напиете малку вода, вели Кроп.

Бактериите во забната шуплина живеат од шеќери, кои ги соддржат споменатите пијалоци.

Со раскинувањето на молекулите на шеќерот се ослободуваат киселини кои ја напаѓаат забната глеѓ и влијаат на формирање на кариес. Колку подолго засладени пијалоци се во устата, толку е поголема опасноста киселините да предизвикаат кариес.

Научниците предупредуваат и дека забите не треба да се четкаат половина до еден час по пиењето на газирани пијалаци, лимонада или енергетски напиток.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com