Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГази Баба во следните два дена ќе има проблеми со вода

Гази Баба во следните два дена ќе има проблеми со вода

Регионалниот центар за управување со кризи Скопје соопшти дека во понеделник и вторник можен е мал прекин на водоснабдувањето во населбата Гази Баба.

Како што информира РЦУК, повикувајќи се на известување од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, почнувајќи од 9 часот ќе се започне со чистење и хлорирање на една комора од резервоарот Гази Баба.

– Со работа ќе се започне во периодот од 9 часот па се до завршување на работите можно е да има мал прекин на водоснабдување во населбата Гази Баба. (општина Гази Баба), стои во соопштението.