Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниЗапочна „Гази баба опен 2016“ турнирот

Започна „Гази баба опен 2016“ турнирот

 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски во спортската сала во ООУ „Наум Наумовски Борче“, денеска го означија почетокот на најголемиот карате турнир во нашата земја од меѓународен карактер „Гази Баба Опен 2016“.

Турнирот се одржува по 10-ти пат а на истиот ќе настапат натпреварувачи во сите категории од 6 до 16 години од 12 земји, како Словенија, Србија, Косово, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Романија, Украина, Грција, Австрија и Бугарија.

Исто така, на овогодинешното издание на меѓународниот карате турнир се очекува да настапат околу 800 натпреварувачи и истиот е во организација на карате клубот „Тигар“ од Скопје.