Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГазди на фирми направиле штета од милион евра, целата шема разбиена

Газди на фирми направиле штета од милион евра, целата шема разбиена

Пензиониран полковник на АРМ од Штип е вмешан во тежок финансиски криминал вреден речиси 1 милион евра, а по истрага на Финансиската полиција откриена е вмешаност на фирмите Стар Груп од Скопје, Витамин Ага од Гостивар, Ванекс од Тетово, Златен Клас ДООЕЛ Куманово, Златен Клас Род Куманово и Златен Клас Џуна исто така од Куманово.

finansiska policija_2

Според Финансиската полиција сопствениците на фирмите се осомничени за продажба на црно без плаќање на даноците кон државата, како и повеќе измами со фиктивна продажба на фирмата и продажба на стока за готовински пари без внес во сметководство. Првоосомничениот Х.Д сопственик и управител на правниот субјект Стар Груп ДОО Скопје со екс полковникот од Штип договорил фиктивна продажба на неговата фирма на лице од Бугарија кое потпишало на нотар дека е нов сопственик со тоа што дал полномоштво на лицето Р.Т од Штип кое било во комбинација со газдите.

Истиот принцип на фиктивна продажба го искористил и А.Ш од Гостивар сопственик на Витамин Ага кој го активирал веќе искусниот „шемаџија“ С.С од Штип. А.Ш во периодот од 2011 до 2013 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговската стока евидентирана на залиха во вкупен износ од 649.000 евра ја продал за готовински парични средства без притоа да изготви соодветна документација за продажбата и да ја евидентира во своето сметководство со што на име неплатени даноци од државната каса си заработил 182.000 евра. Истата шема за превземање на криминално задолжена фирма ја употребил и за правниот субјект Ванекс експорт-импорт од Тетово, фирма која е во сопственост на лицето В.Т од Тетово.

Државата најмногу била оштетена во финансиските криминали поврзани со кумановските фирми Златен Клас. Нејзиониот сопственик М.П и управител на правното лице Златен Клас ДООЕЛ Куманово се товари за криминал вреден 116.000 евра бидејќи на ист начин евидентираната стока како залиха ја продал без содветна документација. Тој бил голем должник на државата преку Министерството за земјоделство за користење земјиште со закупнина од 2010 до 2013 и должел 132.000 евра, додека на Фабриката за квасец и алкохол АД Битола по основ на набавена стока и должел сума од 122.000 евра, па затоа целосно ја обезвреднил фирмата Златен Клас со фиктивна продажба на Златен Клас РОД – фирма во сопственост на неговата сопруга Р.П. За целосно да ги прикрие сите тешки дела повторно го активирал штипјанецот С.С.

Против шестмината осомничени се поднесени кривични пријави до Основните јавни обинителства во Скопје, Гостивар, Тетово и Куманово за кривичните дела „Даночно затајување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“, и „Помагање на сторител по извршено кривично дело“, пријавени односно осомничени се вкупно 8 физички и 6 правни лица за вкупна штета проценета на 935.000 евра. Во истрагата помогнала и бугарската полиција поради несвесното вклучување на бугарски државјани кои потпишувале на нотар измамени од С.С.

Извор: pres24.mk