Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГазда претепан во својот кафе бар во Радишани

Газда претепан во својот кафе бар во Радишани

39 годишниот Д.Д е претепан од страна на двајца насилни гости во неговиот кафе бар лоциран на улица Скоевска во Радишани. Насилниците Д.К. и Б.К. претходно кршеле во локалот и биле пријавени од вработените, но сопственикот не успеал да ги смири па затоа добил и тешки телесни повреди. Случајот е пријавен во полиција по што ќе следат соодветни пријави.