Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГаврилов: СДС ги остави учениците без учебници

Гаврилов: СДС ги остави учениците без учебници

СДС полека почнува да ги укинува и бесплатните учебници и образованието го враќа во времето кога тие беа на власт, кога родителите трчаа по книжарници за да купат комплет учебници за нивните деца, изјави денеска пред Министерството за образование и наука Коче Гаврилов од ВМРО-ДПМНЕ.

– По укинувањето на екстерното оценување и укинувањето на Kембриџ-системот, СДС продолжува со деструкцијата во образованието. На почетокот на оваа учебна година нема бесплатни учебници за сите ученици во основните училишта. Имено, недостигаат 34.598 учебници. Недостигаат 2.674 учебници во основните училишта во општина Карпош, 6.446 во Аеродром, 10.203 во Прилеп, 4.067 во Гевгелија, 3.489 во Гостивар, 5.880 во Кисела Вода, 1.044 во Маврово и Ростуше, 150 во Василево, 160 во Новаци, 485 во Кочани. Недостигаат учебници речиси во сите општини во земјава. СДС ги остави учениците без учебници – рече Гаврилов.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговорност од надлежните во МОН и нагласија дека за овој пропуст некој мора да одговара.