Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГацов: Како функционира повратот на ДДВ за “Викендот без ДДВ”?

Гацов: Како функционира повратот на ДДВ за “Викендот без ДДВ”?

Даночниот експерт и финансиски консултант Павле Гацов накратко објасни како ќе се врши поврат на парите кон граѓаните за остварениот промет за време на Викенд без ДДВ, мерката која не ги исполни очекувањата во време на криза со минимална потрошувачка.

“Директно. Ја плаќаш фискалната сметка. Во неа има ДДВ. Твоето ДДВ оди на твоја сметка и од таму ти се враќа ДДВто што си го платил назад на твојата пријавена банкарска сметка.

На што сега би се распоредиле планираните буџетски расходи останати непланирано како вишок од повратот на ДДВ?

На ништо! Не постои вишок.

Види погоре: Не се собрани планирани буџетски приходи за истите да се трошат и прераспоредуваат. Тие не се уплатени и затоа ги нема за трошење. И ако беа уплатени ќе им се вратеа на плаќачите граѓани. Кај ова мерка буџетот е само одраз во огледало: приходи = расходи. Граѓаните сами си го обезбедуваат повратот на директен начин, твоите пари ти се враќаат тебе, ефектот по буџетот е анулиран.

Буџетот би имал ефект од зголемените приходи на трговците преку евентуално повисокиот данок на добивка” објаснува Гацов преку неговиот Фејсбук профил.