Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГаспром потпиша акционерски договор со европските партнери за Северен тек 2

Гаспром потпиша акционерски договор со европските партнери за Северен тек 2

Гаспром со своите европски партнери потпиша договор за изградба на Северен тек 2. Акционерскиот договор потпишан во рамки на Источниот економски форум што се одржува во Владивосток, предвидува тој да поминува под Балтичкото море до Европа и да испорачува 55 милијарди кубни метри гас годишно од Русија до Германија.

Проектот ќе биде раководен од новата компанија New European Pipeline AG, во кој Гаспром ќе има удел од 51 %. Во сопственост на E.ON, Shel и BASF ќе бидат по 10,0 %, а 9,0 % акции ќе и припаднат на француската Enzi. Конзорциумот ќе го предводи Гаспром, кој трошоците на проектот ги проценил на 9,9 милијари евра.