Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаГасол стана најдобар стрелец на Шпанија на сите времиња!

Гасол стана најдобар стрелец на Шпанија на сите времиња!

Центарот на Сан Антонио Спарс сруши уште еден рекорд. Постариот од браќата Гасол, Паул, стана најдобар стрелец во историјата на шпанскиот национален тим, во моментот кога го постигна својот 12 поен во натпреварот со САД. Во својот 191 натпревар Гасол го помина Хуан Антонио Сан Епифани кој постигна 3330 поени во своите 239 натпревари за „Црвената фурија“.

Гасол во дресот на Шпанија во просек постигнуваше по 17.5 поени по натпревар. Од друга страна, Наваро натпреварот со САД го заврши со девет поени, додека Гасол беше убедливо најефикасен во редовите на Шпанската селекција, бидејќи успеа да постигна одлични 23 поени и сега има салдо од 3342 поени во дресот на репрезентацијата на својата земја што е нов рекорд.