Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиГарден Фестивал Хрватска – Новата летна сензација

Гарден Фестивал Хрватска – Новата летна сензација

Стандардните туристички локации во Грција, Шпанија и Италија полека стануваат досадни и младите луѓе од цела Европа бараат ново место за луда забава. Изненадувањето за оваа сезона е Задар, поточно местото Тисно каде се одржува еден од најдобрите музички фестивали во овој период. Гарден Фестивал привлече илјадници туристи и веднаш се проширија зборовите за одличниот провод.

garden fest2

Гарден Фестивал е формиран од британецот Ник Колган. Музичкиот промотер во 2004-та се преселил во Задар со неговата сопруга Шарлот и на почеток отворил мал бар на плажа. Условите за правење голем фестивал биле очајни, немало пристапен пат, местото било неразвиено и „мирно“ без посета на млади луѓе кои сакаат журки 24 часа, но ризикот се исплател и од 2006-та со помош на пријатели од музичката индустрија Ник Колган го креира еден од најпосетените фестивали на брегот на Хрватска.

Сега Гарден Фестивал слави 10 годишнина од своето постоење со богата музичка програма и настапи на големи електронски имиња. Влезница за еден ден изнесува 25 евра, за цела недела чини 160, додека пак, за кревет се плаќа околу 15 евра.