HomeГИГА БАЈТСмартфон„Ганц“ нов Galaxy Note 7 експлодирал во Кина и го изгорел купувачот

„Ганц“ нов Galaxy Note 7 експлодирал во Кина и го изгорел купувачот

Samsung никако не може да го остави проблемите зад себе, ниту пак на релативно безбедниот пласман на кинескиот пазар каде досега немаше жалби. Сега, Samsung има нова причина за грижа бидејќи модел на Galaxy Note 7 во Кина во рок од само 24 часа експлодирал при полнење, а купувачот се здобил со изгореници на раката.

Galaxy Note 7 уредот го купил преку интернет и Samsung најави истрага за продавачот и самата батерија на фаблетот за да се утврди точната причина за несреќата. Ако се покаже дека и „безбедните“ Galaxy Note 7 во Кина се проблематични тогаш Samsung ќе мора да признае целосен пораз и да исплати огромни оштети.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com