Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмGame of Thrones ќе заврши за три сезони

Game of Thrones ќе заврши за три сезони

HBO даде прогноза дека ултра популарната ТВ серија Game of Thrones ќе има уште три сезони пред да се заврши целата сага во Вестерос. Динамиката на снимање на нови епизоди беше погодена од исцрпувањето на целиот напишан материјал од Џорџ Р.Р.Мартин кој се уште не ја објавил новата книга, но затоа пак им дал доволен број на насоки на креаторите Д.Б. Вајс и Дејвид Бениоф за тоа како планира да продолжи приказната со главните ликови.

Откако ќе се емитува и финалето на Game of Thrones се очекува да се снимаат нови содржини базирани на книгите на Џорџ Р.Р.Мартин кои ќе го опфатат периодот на војната со кралот Таргеријан, па дури и многу порано во богатата историја на овој фантастичен свет.