HomeРЕФЛЕКТОРФилм„Game of thrones“ добива продолжение во нова верзија?

„Game of thrones“ добива продолжение во нова верзија?

Популарната серија „Game of thrones“ може да добие продолжение во нова верзија снимено според мотивите од претходната, истакната директорот на програмата HBO Кејси Блојс, додавајќи дека таа би можела да излезе во 2018 година. Блојс исто така ја потврди информацијата дека оваа популарна серија ќе биде завршена после крајот на осмата сезона.

game of thrones

„Верувајте, доколку е до мене, јас би барал снимање на барем уште десет сезони“, вели Блојс. Како што беше соопштено од порано, седмата сезона ќе има седум епизоди, а ќе започне да се имитува следното лето, месец дена подоцна од планираното. Блојд потврди дека возможната нова серија ќе има свое продолжение во нова верзија снимена по мотивите на претходната и дека најверојатно ќе започне да се прикажува од 2018 година.

„Разговаравме за тоа и јас немам ништо против, но секако, таквото продолжение ќе мора да има смисла. Не сум сигурен дека сценаристите моментално размислуваат за тоа, бидејќи моментално се оптеретени со седмата сезона, но мислам дека никој нема ништо против такво продолжение“, истакна Блојс.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com