Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГаличица крие многу пештери – Откритие на спелеолозите

Галичица крие многу пештери – Откритие на спелеолозите

Откриени се нови пештери на Галичица. Спеолози од Охрид и Прилеп ги открија пештерите “Нова Пропаст” во Елшани и “Роденденската пештера” во Трпејца, но истражувањата покажале дека има уште многу непознати и интересни пештерски шуплини на планината.

На првиот истражувачки спелеолошки камп што неодамна се одржа на западните падини на Галичица беа истражувани и постоечките пештери.

– Ново беше тоа што е откриена Нова Пропаст во Елшани два километри во планината. Таа не е многу препорачана за туристите бидејки е многу тесна и малку ризична. па потребна е опрема и добра спремност бидејќи внатре има одрони и треба многу да се внимава, вели спеологот Никола Паскали .

Спелеолозите планираат пештерите да бидат мапирани и да се вметнат во туристичката понуда на Охрид. Холанѓаните се најголемите вљубеници во планината, а пештерите ќе бидат мотив плус за посета на Галичица.

– Спеолошкиот туризам е развиен во европските земји, а кај нас е се уште нов но, во иднина се надеваме дека ќе направиме патеки и тие локалитети ќе се обележат и обезбедат за посета на домашни и странски туристи, додава Паскали.

Кампот во организација на спеолошките клубови “Златоврв” – Прилеп и “Ботом тајм” – Охрид, во кој учествуваа 11 спелеолози е само почеток на истражувањата на пештерите на Галичица.

 

Извор:OhridNet