HomeДЕНЕШНАСветГалерија: Војна меѓу полицијата и нарко бандите во Рио, Олимпијадата во опасност

Галерија: Војна меѓу полицијата и нарко бандите во Рио, Олимпијадата во опасност

Безбедносните служби на Бразил само ја влошија состојбата во флавелите, делови од градот речиси целосно контролирани од нарко бандите.

brazil narko bandibrazil flaveli   Насилството во последните 5 години со повеќе програми на пацифизација на дилерите се намалуваше постојано, но новиот агресивен пристап од почетокот на оваа година доведе до над 60 убиени полицајци на должност.

brazil nasilstvo

Од друга страна пак, специјалните единици како БОПЕ се смртоносни и прво пукаат, па потоа поставуваат прашања со што има и огромни жртви меѓу нарко бандите, но и секако кај цивилното население.

brazil policija

Ерупцијата на насилство воопшто не оди во прилог на отварањето на Летните олимписки игри закажано за 5 август.

brazil narko bandi2

Безбедносно, можеби масовниот настан ќе помине беспрекорно, но Бразил дефинитвно ја губи битката да се прикаже како напредна и развиена земја бидејќи сите проблеми од Светското па наваму испливуваат на површина.

brazil policija3

Најголема причина за тоа е социјалното незадоволство, огромните државни трошење, масовната корупција, насилната полиција и нееднаквоста на елитата и животот во флавелите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com