HomeГИГА БАЈТСмартфонGalaxy Note 7 и натаму ризичен, се запали во авион

Galaxy Note 7 и натаму ризичен, се запали во авион

Малерите продолжуваат да го следат Samsung со уште една јавна катастрофа, овој пат по запалувањето на нов Galaxy Note 7 фаблет кој корисникот го добил како замена. Наводно безбедниот уред покажал дека и не е сигурен со тоа што самиот се запалил во авион за време на лет од Луисвил во Кентаки.

Патниците на авиониот биле веднаш евакуирани, а пожарот од Galaxy Note 7 бил брзо спречен. Корисникот Брајан Грин тврди дека новиот фаблет го полнел безжично, а штом започнал летот целосно го изгасил уредот кој потоа почнал да чади од неговиот џеб по што се запалил. Од Samsung се уште не излегле со коментар за инцидентот.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com