Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГаби и Фернандо Торес остануваат во Атлетико Мадрид

Габи и Фернандо Торес остануваат во Атлетико Мадрид

Капитенот на Атлетико Мадрид Габи Фернандес и миленикот на навивачите на Атлетико Фернандо Торес ќе останат во клубот и следната сезона, и покрај богатите понуди кои и двјацата ги добија од Кина, пренесуваат денес шпанските медиуми. Според овие информации, Габи, кој наскоро ќе наполни 33 години ќе го продолжи договорот со клубот на уште една сезона, што значи дека црвено-белиот дрес ќе го носи најмалку до 2018 година, додека Атлетико Мадрид ќе го откупи договорот на Фернандо Торес, кој моментално е таму на позајмица од Милан.

Габи и Торес својата фудбалска кариера ја започнаа токму овде во Атлетико Мадрид, а и двајцата се повратници во шпанскиот клуб. Габи после кратката епизода во Гетафе и четири сезони поминати во Сарагоса повторно се врати „дома“, додека Фернандо Торес после исклучително успешната кариера во Ливерпул и помалку успешните епизоди во Челси и Милан повторно одлучи да се врати во клубот во кој се изгради како еден од најдобрите напаѓачи во Европа.