Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаФЗОМ и понатаму не дава одговор за рокот на електронските картици

ФЗОМ и понатаму не дава одговор за рокот на електронските картици

ФЗОМ и натаму не одговара на кој начин и како ги информирале граѓаните за истекот на ЕЗК на кои не е наведено никаде до кога важат. На денешната прес конференција свикана по повод годишниот извештај на фондот директорите упатија прашањето за картичките да го упатиме писмено.

Од 24 Вести денеска повторно побарале официјален одговор од службите на фондот но ниту од таму не добиле одговор. Во една од реакциите во кои неодамна се произнесе фондот по однос на ова прашање само информираа дека граѓаните знаеле за истекот на картичките но немаше објаснување на кој начин ги информирале и кога.

Станува збор за над 46 илјади картички кои до крајот на годината треба да бидат обновени картичките. Како што наведуваа од фондот, картичките биле бесплатни за социјално загрозените лица, 100 денари за невработени , самохрани родители и лица без родителска грижа до 18 години а 250 само за вработени осигуреници и нивните семејства.

Дел од граѓаните пак тврдеа дека не знаеле дека и овие картички треба да се обновуваат бидејќи на картичките нема рок на истекување а и никој не ги информирал.

Извор: 24 Вести