Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФункционери на УБК и БЈБ си правеле луксузни гозби, дури и на денот на масакрот на Смилковско Езеро

Функционери на УБК и БЈБ си правеле луксузни гозби, дури и на денот на масакрот на Смилковско Езеро

Нови фактури на кои се гледа како се хранеле функционерите од УБК и БЈБ во изминатите десет години денеска обелодени министерот Оливер Спасовски на денешниот брифинг, пренесува „Фактор“

Како што можеа да забележат новинарите од приложените сметки, во овие институции се трошело на разни “гоштевања“ и специјалитети.

Вработени во МВР во рестораните каде ручале нарачувале равиоли со фазан што чинат 1.200 денари, дивеч во ловечки сос што чини, исто така, 1.200 денари, бифтек од дивеч што чини 5.000 денари, потоа карпачо од коњ 2.000 денари, стек од бизон 5.900 денари и стек од коњ 4.500 денари.

Јаделе и елен во сос од вргањ што чини 1.200 денари. Сметката што ја направиле за еден ручек или вечера е 38.350 денари.

На денот на свирепото убиство кај Смилковско езеро УБК се „опуштило“ во скопски ресторан каде се јаделе секакви специјалитети – печурки на жар, тиквички, месо, пити а фактурата издава дека тие потрошиле над 5.000 денари само за десерти.