Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФункционери на распит во СЈО за „Титаник“

Функционери на распит во СЈО за „Титаник“

Во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) повторно има зголемена фреквенцијата на лица, овој пат поврзани со случајот „Титаник“, јавува „СДК“.

Специјалната обвинителка Катица Јанева на прес-конференцијата на 28 февруари соопшти дека истрагата е проширена за уште 17 осомничени лица, од кои петмина функционери од власта делувале како создатели на групата, додека останатите осомничени се членови на групата, вработени како службени лица во повеќе државни органи.

Поради тајноста на предистражната постапка, СЈО не открива детали ниту кого повикале, ниту зошто се повикани.

„Титаник“ е првиот случај што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а го објави на 12 февруари минатата година. Главни осомничени се екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, генералниот секретар на владата Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Тие се осомничени за кривични дела злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, а во проширената истрага, според СЈО, има основано сомнение и за други дела.