Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаФудбалерот Пандовски тешко повреден во сообраќајка

Фудбалерот Пандовски тешко повреден во сообраќајка

Александар Пандовски бил тешко повреден во сообраќајната несреќа во Петровец на влезот на бензиска станица, при што со голема брзина со неговото возило удрил во столб. Пандовски и неговиот татко во тешка состојба биле пренесени во клиниката во Скопје и лекарите се уште се борат за животот на 23-годишниот фудбалер. Фудбалерот излезе од младинската школа на Вардар, а играше и за Работнички и за Еуромилк.