Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФудбалер на АПОЕЛ: „Пристигнавме во Македонија!“

Фудбалер на АПОЕЛ: „Пристигнавме во Македонија!“

Аргентинскиот интернационалец и играч на АПОЕЛ, Томас де Винсенти, денеска направи вистинска далавера на социјалните мрежи. Веднаш по слетувањето на аеродрмот „Александар Велики“ објави фотографија од себеси како пристигнува на терминалот.

Она што ги шокираше и фрустрираше навивачите на АПОЕЛ, како и сите Грци и Кипрани беше неговиот запис под самата фотографија: „Пристигнавме во Македонија. Утре не очекува важен натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите“

48756-argentinec-gi-polude-navivachite-na-apoel-stignavme-vo-makedonija-fotoЗа фрустрацијата поради зборот „Македонија“ да биде уште поголема, играчот на АПОЕЛ како извинување напиша пост со кој буквално ги „закопа“ негативните коментари.

„ја почитувам Грција. Немам намера да повредам никого, едноставно така нѐ учеа на училиште“, напиша Аргентинецот.