HomeДЕНЕШНАСкопјеФрчат казни за правење ајвар на јавни површини

Фрчат казни за правење ајвар на јавни површини

Општинските инспектори во Скопје започнаа со контроли на терен и изречени се првите казни за правење на ајвар на јавни површини што е забрането со новиот закон за јавна чистота поради палењето на оган и загадувањето. Оваа година по редовните контроли по оваа основа деновиве се изрекуваат и по десетина казни секојдневно, велат од градот.

– Користењето на јавните површини за приготвување зимници од аспект на уништување на јавните површини е забрането, во согласност со законот од 2008 година, и ако комуналните редари и инспектори затекнат прекршители на комуналниот ред ќе им изречат казни од 50 евра во денарска противвредност. Продавањето на големо на зеленчуци на јавни површини е исто така забрането и за тој прекршок казната е иста. Градските инспектори и комунални редари ги спроведуваат законските одредби и секојдневно по двете основи се казнуваат по десетина прекршители – известуваат од градот Скопје.

Некогаш во Скопје главна есенска традиција беше групно печење на пиперки и подготвување на зимницата со ајвар. Сега, комшиите кои живеат во станбени згради и немаат друг избор освен да ги извадат ќумбињата пред зграда треба да внимаваат бидејќи ќе се соочат со парични казни од општинските и комуналните инспектори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com