Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионФронтекс распоредува скоро 300 единици на грчките граници

Фронтекс распоредува скоро 300 единици на грчките граници

Европската гранична полиција (Фронтекс) објави дека распоредува 293 офицери за обезбедување на границите и 15 бродови на грчките острови, како одговор на барањето на Атина.

Фронтекс почна вчера со распоредувањето на 293 офицери и 15-те бродови во рамки на новата операција, наречена „Посејдон Репид“, по барањето на Грција за дополнителна помош за обезбедување на нејзините надворешни граници во Егејското Море.

Бројот на распоредените офицери за обезбедување на границите ќе биде зголемен постепено до над 400 лица, а исто ќе биде зголемен и бројот на бродовите, возилата и другата опрема со цел да им се помогне на грчките власти да се соочат со миграцискиот бран на надворешните граници, додаде Фронтекс.