Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионФронтекс ќе ја чува јужната граница на Македонија

Фронтекс ќе ја чува јужната граница на Македонија

Европската унија бара модалитети како да се справи со бегалската криза и приемот на стотина илјади мигранти кои итаат кон западноевропските земји. Еден од чекорите на новиот самит на ЕУ за бегалската криза е да се распоредат припадниците на пограничната служба Фронтекс на јужната граница на Македонија за справување со бранот на мигранти.

migranti gevgelija1

Планот на Жан Клод Јункер претседателот на Европската комисија опфаќа 16 точки за повеќе европски земји, особени за јужните држави каде се сливаат мигрантите, но истиот не доби целосна подршка од сите членки.

Предвидено е државите да не вршат олеснување на транзитот на мигрантите кои ќе влезат на нивна територија, потоа да се воведе поголем степен на евиденција и регистрација, поголема посветеност на УНХЦР за хуманитарните активности, како и да се спречи нелегалната трговија со шверц на мигранти.