Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионФрлена бомба брз полицијата во Косовска Митровица, еден полицаец повреден

Фрлена бомба брз полицијата во Косовска Митровица, еден полицаец повреден

Полицаец од интервентната единица на Косовската полиција е повреден синоќа кога врз патролата на Косовската полиција во Северна Митровица е фрлена рачна бомба. Косовската полиција потврди дека се оштетени повеќе возила меѓу кои и цивилни автомобили.

Нападот се случил во најсеверниот дел на градот на излезот кон Звечани во непосредна близина на Косовската полиција и Судот. Напаѓачите се во бегство. Полициската патрола вршела контрола на сообраќајот во рамки на акцијата на полицијата за воспоставување ред и мир, откако претходната ноќ дошло до пукање од огнено оружје кога биле ранети две лица.