Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФридом Хаус: Македонија назадува со граѓанските слободи

Фридом Хаус: Македонија назадува со граѓанските слободи

Во извештајот на Фридом Хаус за политичките и граѓанските слободи во 2015-та Македонија е обележана како една од земјите со голем надолен тренд и со оценка од 57 од 100 поени е во групата на делумно слободни земји. Во Македонија главни проблеми според Фридом Хаус биле откритијата за нерегуларни избори, прислушкување и манипулации од страна на власта, по што дошло до бојкот на опозицијата и голема политичка криза.Политичките слободи во Македонија се оценети со четворка, а граѓанските со тројка. Од регионот само Србија и Хрватска се оценети како слободни земји, додека пак Црна Гора премина во групата на делумно слободни. Во посебен дел се потенцира дека БиХ е една од земјите кои во 2016-та треба внимателно да се следат бидејќи се можни нови политички судири, особено по одржување на референдумот за правосудството кај српската заедница.

Автор: Христијан Станоевиќ