Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФридом хаус: Македонија и натаму во групата земји со хибриден режим

Фридом хаус: Македонија и натаму во групата земји со хибриден режим

Фридом хаус денеска го објави годишниот извештај „Држави во транзиција“. Во не го се вели дека Македонија и натаму останува во групата „преодни влади или хибридни режими“. Македонија беше деградирана на ова ниво во минатиот извештај на Фридом хаус.

Во најновиот се наведува дека Македонија продолжува да забележува пад, особено во категориите: изборен процес и граѓанско општество. Од седум земји на Балканот четири забележаа пад, главно поради состојбата во медиумите и судството. Освен Македонија, меѓу нив се Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Единствено Албанија забележа напредок кој главно се должи на владините реформи и чекорите за борба против корупцијата.