HomeРЕФЛЕКТОРМузикаФренк Оушн го бојкотира доделувањето на Греми наградите

Френк Оушн го бојкотира доделувањето на Греми наградите

4522698_ousn-f2jpg

Американскиот музичар Френк Оушн одлучил да го бојкотира доделувањето на Греми наградите бидејќи смета дека работата на афроамериканските уметници е недоволно призната и наградувана. Нешто порано оваа година, медиумите пренесоа дека издавачката куќа на Оушн „Blondie“ не го пријавила неговиот визуелен албум „Endless“ за номинација за таа престижна награда, чие доделување се одржува во феверуари.

Во почетокот се мислело дека издавачката куќа, менаџерите или други претставници на пејачот случајно не ја пријавиле неговата номинација, но уметникот неодамна објасни дека станува збор за свесна одлука. За американските медиуми изјави дека протестира бидејќи таа организација не ги наградува музичарите црнци во иста мерка како и белците, наведувајќи дека од неговото раѓање па до сега само неколку припадници на црната раса ја добиле оваа награда.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com