HomeРЕФЛЕКТОРМузикаФренк Оушн дисквалификуван од трката за Греми наградата

Френк Оушн дисквалификуван од трката за Греми наградата

Номинациите за престижното музичко признание, Греми, ќе бидат објавено на 8 декември, додека свеченото доделување ќе биде одржано кон почетокот на следната недела. Меѓутоа, Френк Оушн нема да се појави на церемонијата. И покрај тоа што Оушн издаде два албуми „Blonde“ и визуелното издание „Endless“ во август.

Неименуван извор за „Билборд“ открива дека ниту еден албум не е земен во предвид иако и двата се издадени пред 30 септември 2016 година. „Blonde“ дебитираше на првото место на „Билборд“ листата од 200 албуми, кон крајот на август, а и се наоѓа на третото место меѓу најуспешните албуми издадени во текот на 2016 година во првата недела после излегувањето.

Претставник на доделувањето на Греми наградите потврди за медиумите дека албумите на американскиот пејач не се земени во предвид бидејќи не биле испратени на време во наведениот рок. Не е познато дали е тоа направено намерно или се работи за грешка. Оушн и неговите претставници се уште ја немаат коментирано ситуацијата за медиумите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com