Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаФрапирачки бројки: Низ Македонија прошле 18000 деца бегалци без родител

Фрапирачки бројки: Низ Македонија прошле 18000 деца бегалци без родител

Од почеток на бегалската криза од кога се води евиденција за барателите на азил досега низ Македонија поминале над 18 илјади деца без придружба на родител што говори за еден фрапантен податок, а тоа е бројот на деца сираци или деца кои се принудени да го напуштат домот на млада возраст без своите родители. Со тоа се дава една поинаква перспектива на самата бегалска криза бидејќи се коси со стереотипните тврдења дека бегалците се пред се воено способни мажи од Блискиот исток кои имаат своја агенда во Европа.