Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмФранцускиот филмски фестивал вечерва ги затвoра вратите

Францускиот филмски фестивал вечерва ги затвoра вратите

Хит комедијата „Семејството Белие“ вечерва ќе го означи крајот на осмото издание на Францускиот филмски фестивал.

На свеченото затварање, во Центарот за култура во Охрид, „Златната маска“ за животно дело ќе добие актеркат Ањес Сорал.

За оваа последна фестивалска вечер предвидена е и презентација на туристичката понуда на Долна Нормандија.

Дел од фестивалската програма вечерва ќе биде финализирана во Скопје. Во кино ,,Милениум” ќе се прикажува филмот ,, Француска врска”  од Седрик Хименез.

FRANCUSKI 7 - Copy

Во склоп на фестивалот, вчера, во кино ,,Фросина” беа прогласени победниците на најдобрите видео-клипови снимени со смартфони од конкурсот „Моето прво мини-видео“ на тема „Слобода на изразување”.

Жири комисијата од околу 40 пристигнати видеа одбра четири. Првонаграденото видео на Коста Лазаров му донесе еднонеделно патување на фестивалот на краток филм во Трувил, Долна Нормандија

Францускиот филмски фестивал ниту годинава  не ги изневери своите посетители. Македонската публика имаше можност да проследи осум остварувања од најновата француска кинематографска продукција, меѓу кои и филмот „Со кренато чело“ којшто го отвори годинешниот Кански фестивал