Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаФранцускиот филм „А Фонд“ со атрактивно снимање во Македонија

Францускиот филм „А Фонд“ со атрактивно снимање во Македонија

На 7 септември ќе започне снимањето на новиот француски филм „А Фонд“ на обиколницата во Скопје следејќи го дејството на семејство кое е заглавено на автопат. За потребите на филмот ќе има бројни каскадерски акциони сцени и ваква обемна продукција за прв пат е присутна во Македонија, што ќе донесе голем придонес во развојот на филмската уметност и издвојување на нашата земја како атрактивна филмска локација.

press1

– Преку овој проект ние ги промовираме локациските потенцијали кои ги поседува Македонија, нашите природни ресурси кои нудат навистина одлични услови за снимање на вакви големи филмски остварувања, изјави министерката за култура Канчевска-Милевска презадоволна од влегувањето на продукцијата „Шик Филм“.

Филмот е во режија на Никола Бенаму и ќе бидат ангажирани стотина филмски работници од Франција, како и огромна екипа составена од македонски професионалци, асистенти и стажисти, што ќе биде значајно искуство.

Affiche Nicolas Benamou

– Само во Македонија успеавме да ги најдеме сите потребни технички елементи за снимањето на филмот, подвлече режисерот Бенаму задоволен од изборот на локациите, како и успешната соработка и комуникација.

Делницата од клучката Хиподром до клучката Сарај ќе биде затворена за сообраќај во повеќе наврати од 7 – 11 септември, од 14 – 18 септември, од 21 – 25 септември и 28 септември секој ден од 7 -19 часот. Во овие денови сообраќајот ќе се нормализира од 19 часот па се до 7 часот наутро. За снимањето ќе се користи и делницата Неготино – Велес за што и овој дел од автопатот ќе биде затворен во период од 21 ден и тоа од 29 септември – 2 октомври, од 5 – 7 октовмри, од 14-16 окктомври и од 18 – 23 октовмри, исто така во периодот од 7 до 17 часот. Во текот на снимањето на оваа делница сообраќајот ќе се пренасочува преку регионалниот пат Велес – Градско, информираше министерот за транспорт Владо Мисајловски.