Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаФранцуската престолнина останува без залихи на леб

Француската престолнина останува без залихи на леб

Париз во криза – отворени пекари има сѐ помалку, како последица од укинувањето на обврската на пекарите да го пријавуваат нивниот годишен одмор во префактурата.

Оваа обврска е воведена во францускиот законик уште од далечната 1790 година, но властите ја укинаа пред неколку месеци со законот за поедноставување на функционирањето на претпријатијата. Досега задолжителна беше фазата на пријавување во префактурата за да се знаат затворените пекари и да се спречи недостигот на леб.

bakery parisДоминик Анракт од комората на пекарите во Париз им парираше на исмејувањата од страна на британските медиуми со изјава дека проблемот не е во недостигот на леб, туку во недостигот на купувачи кои токму во месец август ја напуштаат престолнината и местото им го препуштаат на туристите.