Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФранцуската полиција на нозе – Напаѓач пукаше во цивили

Француската полиција на нозе – Напаѓач пукаше во цивили

Најмалку три лица се повредени во францускиот град Лил, откако непознат напаѓач отворил оган недалеку од метро станицата „Порт Д’Арас“. Како што пренесува руската новинска агенција Раша Тудеј, на местото на нападот веднаш биле испратени голем број на безбедносни сили, но засега не е утврдено дали станува збор за тероризам или пак нападот е извршен од други мотиви.

francija-11

 

Според изјавите на очевидците на нападот, во моментот на нападот се слушнале најмалку пет истрели од огнено оружје во централниот дел на Лил, а според последните информации меѓу повредените има 14-годишен тинејџер кој што бил застрелан во нога. Според првичните информации, едно лице добило повреди во пределот на вратот и веднаш било префрлено во болница.

Напаѓачот, откако отворил оган кон случајните минувачи, веднаш побегнал, а во тек е голема операција на француската полиција и разузнавачки служби за негово пронаоѓање.