Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФранцуска врска – Асанж не го шармираше Оланд

Француска врска – Асанж не го шармираше Оланд

Џулијан Асанж за кратко време беше славен како херој во француските медиуми во неговиот поход за откривање на прљавите игри на американските тајни служби кои ги прислушкувале француските претседатели Ширак, Саркози и Оланд. Сепак, неговите откритија и документите објавени на Викиликс не му помогнаа да го импресионира Франсоа Оланд кој го одби барањете за азил и безбеден престој во Франција.

julian-assange_tv

Асанж попусто му пиша и писмо на Оланд објавено во „Le mond“ во кое повикува на значајната улога на французите во создавањето на демократијата и дека треба да му овозможат да продолжи со неговата активност за откривање на информации кои јавноста мора да ги знае.

Асанж ќе треба повеќе да работи на неговиот шарм или пак да открие нови тајни на американците кои ќе и бидат од корист на француската држава, а се до тогаш ќе остане заглавен во амбасадата на Еквадор во Лондон. Асанж има азил од Еквадор но, не смее да излезе од амбасадата бидејќи веднаш ќе биде уапсен и екстрадиран. Од Париз беше одбиен бидејќи не е во животна опасност и треба да одговара пред европските власти.