Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФранција ќе ја обесштети Русија за Мистрал

Франција ќе ја обесштети Русија за Мистрал

Русија и Франција постигнале договор за надомест за два Мистрал воените бродови, кои Русија ги купила, но нема да ги добие – соопшти претставник од Кремљ. Француската Влада одбива да потврди дали е постигнат договор.

Испораката на Мистрал носачите на хеликоптери беше суспендирана како одговор на руското нелегално анектирање на Крим и поради поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина. Договорот вреден 1,3 милијарди долари беше потпишан во 2011 година и требаше да биде најголемиот за породажба на оружје на Русија од страна на земја членка на НАТО. Рускиот весник Комерсант оваа недела објави дека Франција понудила раскинување на договорот и да врати околу 800 милиони долари предвидени земјата да може да напрви повторен извоз на бродовите.