Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФранција гласа под силно полициско обезбедување – Дали и Французите ќе и кажат НЕ на ЕУ?

Франција гласа под силно полициско обезбедување – Дали и Французите ќе и кажат НЕ на ЕУ?

Околу 47 милиони Французи денеска ќе бираат претседател од 11-те кандидати. Ова се оценети како едни од најнеизвесните избори во Франција. Анкетите покажуваат тесна разлика меѓу фаворитите, центристот Емануел Макрон, екстремната десничарка Марин Ле Пен, десничарот Франсоа Фијон и радикалниот левичар Жан Лик Меланшон.

Досега ниту еден кандидат на претседателските избори не бил избран во првиот круг. Француските медиуми пишуваат дека Французите во вториот круг ќе го поддржат канддидатот кој ќе сака земјата да остане во ЕУ. Со нападот на Елисејските полиња во четвртокот кога беше убиен полицаец, претседателските избори имаат поинаков предзнак. Сепак, кандидатите за претседател во последните денови пред изборите демонстрираа решителност. Кандидатот на екстремната левица Меланшон повика на воздржаност. По нападот во Париз расте и поддршката за екстремната десничарка Ле Пен која го повтори нејзиниот став.

„Франција мора да го напушти Шенгенскиот простор, да ги затвори границите и да забрани „неконтролирана миграција“ – изјави Марин Ле Пен – Националниот фронт.

Изборите во Франција ги обезбедуваат 50 илјади полицајци и 7 илјади војници. Тие прв пат се одржуваат во време кога во сила е вонредна состојба во земјата.