Sunday, May 31, 2020
HomeДЕНЕШНАЕкономијаФрангов: Никој нормален не би дал концесија за рудници

Франгов: Никој нормален не би дал концесија за рудници

kozuf-rudnici-8923883291-670x352-1

Со делење флаери и брошури, од страна на здруженијата, но и советниците, тече кампањата за престојниот референдум во Гевгелија за изјаснување на граѓаните дали се за или против изградба на рудници за злато на планината Кожуф. Се делаат флаери за излегување на 23 април, но и брошури со логото на граганската иницијатива „Спас за Гевгелија“ со кои се укажува на штетноста од доделување концесии за експлоатација на минерални суровини на Кожуф, пренесе СДК.

„Општината која донесе одлука за референдум овие денови ќе постави билборди низ градот за терминот и референдумското прашање по кое ќе се изјаснуваат граѓаните. Нашата цел е да ги информираме граѓаните дека за овој проект треба сами да одлучат. Индивидуално секој може да агитира за или против“, велат од општина Гевгелија.

На последната седница на Советот на општина Гевгелија, советниците од сите политички партии се заложија дека директно ке се вклучат во кампањата и ќе агитираат да се гласа против доделување концесија. Најавија дека ќе одат од врата до врата за да го информираат локалното население, бидејќи не се свесни што значи отварање рудници за злато на Коњска река и Коњско.

На масовност на престојниот референдум повика и градоначалникот на општината Иван Франгов, кој вели дека со граѓанското изјаснувањеќе се стопира постапката уште пред да се почне да се гради нешто на Кожуф“.

„Не верувам дека некој нормален дека би дал таква концесија. Едно е концесија за детални геолошки истражувања, а друго е за експлоатација. Ние со овој референдум го стопираме процесот уште на самиот почеток. Кога ние ќе имаме јасен став и мислење по ова прашање. Кога некој условно би побарал концесија за експлоатација, во старт мислењето на општината ќе биде не и негативно“, потенцираше Франгов

Судејќи по изјавата на последната седница, и градскиот татко на Гевгелија е против изградба на рудници на Кожуф.

„Нема потреба од паника. Затоа ние превенираме со референдумско прашање да се изјаснат граѓаните. Ние имаме компаративни предности, за многу повеќе вработувања во многу други гранки и области со тоа што се отвараат перспективите на општина Гевгелија. И за 30 години концесија за некој рудник да плаќа надоместоци, за потоа илјада години Гевгелија да биде иселена и завиена во црно, не ни треба“, рече Франгов пред гевгелиските советници.